Костарика е „светски првак“ кога станува збор за заштита на климата – Слободен печат
ВестиПланета

Костарика е „светски првак“ кога станува збор за заштита на климата

Средноамериканската земја наградата ја добила за планот за декарбонизација на стопанствот до 2025 година.

Костарика ја доби титулата „првак на Земјата“, откако Обединетите Нации во рамките на својата програма за околина, објавија извештај во кој стои дека оваа земја игра водечка улога во борбата против климатските промени.

Обединетите нации ја прогласија Костарика за „првак на Земјата“ поради водечката улога во борба против климатските промени, објави програмата на ОН за околина.

Средноамериканската земја наградата ја добила за планот за декарбонизација на стопанствот до 2025 година.

– Костарика е првак во заштита на мирот во природата, пример за регионот и светот – изјавил Ингер Андерсен, извршен директор на ОНЕП.

– Голобалните емисии достигнуваат рекордно ниво и мора да дејствуваме веднаш за нашите стопанства да станат чисти и прилагодливи – додал тој.

Костарика повеќе од 98 отсто од енергијата ја добива од обновливи извори, а повеќето од половина од земјата е прекриена со шуми по упорното повеќедецениско пошумување, стои во образложението на наградата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close