Костадиновска Стојчевска: Да не излегуваме со шпекулации за Универзална, истрагата сѐ уште се спроведува

Бисера Костадиновска Стојчевска - министерка за култура / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Тоа што се случи во Универзална сала за жал е девастирачка слика за сите. Обвинителството е на терен и ја спроведува истрагата за што е тоа што го предизвика овој страотен пожар во Универзална сала. Додека тие не излезат со своите наоди да не излегуваме во јавност со никакви шпекулации, порача министерката за кулутра Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа се осврна на, како што вели, долгиот процес на негодување, на неодговарање и непостапување од страна на градските власти, за сега да се види она што сите го видоа. За причините за пожарот, рече дека остава да кажат Министерството за внатрешни работи и Обвинителството кои се втор ден на терен.

– Имавме информации дека од трудовиот инспекторат бараат некои документи од фирмата која е изведувач, но едно сакам да ја уверам македонската јавност, дека после завршувањето на овој процес градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и Универзална сала ќе биде вратена на скопјани, порача министерката.

Таа додаде дека ако се утврди дека има штета, осигурителната полиса ќе ја покрие и ќе продолжи градењето откако ќе бидат добиени сите релевантни наоди дека може да се продолжи со градење.

– Така што, остануваме на рокот кој го зацртавме за Универзална сала да биде вратена назад на скопјани и на граѓаните на Република Северна Македонија, рече Костадиновска Стојчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот