Костадинов: Италија е фаворит, но верувам во чуда!

Репрезентативецот Тихомир Костадинов верува во нов голем резултат на Македонија и во Порто/Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

После пет години во дресот на словачкиот клуб Ружомберок, 25-годишниот македонски репрезентативец Тихомир Костадинов одлучи да се пресели во Полска каде што ќе ги брани боите на Пјаст Гливице со кој потпиша договор до 30 јуни 2025 година.

Желбата на нашиот играч беше да игра во подобра и посилна лига, и ветува дека ќе го дава максимумот за екипата во полската „Екстракласа“ има добри резултати. Во тамошниот шампионат моментно тимот е на 12 место со 23 бодови.

За најдобрата македонска репрезентација Костадинов досега запиша 16 настапи, а поради жолти картони, заедно со Елиф Елмас, ќе го пропушти полуфиналниот натпревар од мундијалскиот бараж против Италија на 24 март годинава.

– Двајцата имаме жолти картони, знам дека нашата федерација праша за можноста тие да се укинат, но тоа нема да се случи. Се надевам дека Македонија ќе успее без нас, а во финалето имаме право да играме – вели Костадинов во интервјуто за полскиот медиум „weszlo.com“.

Победникот од дуелот Италија – Македонија, во финалето на 29 март за пласман на Светското првенство во Катар 2022 ќе игра со победникот од мечот Португалија – Турција.

– Играме против Италијанците во Палермо, но можеме да изненадиме. Топка е, имаме добри индивидуалци во тимот, зошто да не се обидеме? Свесни сме дека противникот е фаворит, но верувам во чуда – рече Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот