Костадин Захов е нов голман на Воска Спорт

фото: F.C Voska Sport

Фудбалскиот клуб Воска Спорт официјално денеска го промовираше новото зимско засилување Костадин Захов.

Искусниот голман Захов е петкратен шампион, со два куп пехари, одлични перформанси во Европа, вкупно 144 пати мируваше неговата мрежа на натпреварите и со 300 настапи во Првата македонска лига.

Претседателот на клубот Нефи Усеини и спортскиот директор Искендер Јонузи изразуваат задоволство што успеаја да ангажираат шампионски голман кој запиша и еден настап за А репрезентацијата на Македонија.

Ја започна својата кариера во Беласица, а потоа ги бранеше и боите на Вардар, Хоризонт Турново, Брегалница и тетовска Шкендија.

Пред промоцијата на Захов, ФК Воска Спорт ангажираше уште еден нов фудбалер, станува збор за дефанзивецот Антонио Илиески кој претходно настапуваше за албанскиот Фљамуртари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот