„Косовскиот“ игумен на манастирот Високи Дечани, Сава Јаниќ: Спречена е победа над неправдата во Црна Гора

Игуменот на манастирот Високи Дечани, Сава Јањиќ, како победа ја објави одлуката на Парламентот на Црна Гора за усвојување измени и дополнувања на Законот за слобода на вероисповед и верски заедници.

– Победа – една година по незаконското усвојување на дискриминаторскиот закон за религија од поранешниот режим на Мило Ѓукановиќ, Парламентот на Црна Гора ги усвои долгоочекуваните измени и со тоа ефикасно спречи преземање на светите места, особено на Српската православна црква. И покрај опструкциите, кршењето на Уставот и законите на оваа земја од страна на опозицијата, Собранието на Црна Гора синоќа усвои измени и дополнувања на Законот за слобода на вероисповед. Така, по една година, неправдата што поранешниот режим сакаше да ја направи, особено кон Српската православна црква, беше исправена. Победа над неправдата – напиша игуменот Сава Јањиќ на Твитер.

Претходно пратениците на Парламентот на Црна Гора го усвоија предлогот за измени и дополнувања на Законот за слобода на вероисповед во ноќта помеѓу понеделник и вторникот со 41 глас „за“.

Вчера во Подгорица илјадници демонстанти со димни бомби и пламени факели се спротивставија на оваа одлука.

ВИДЕО: Со димни бомби, оган и развеани знамиња илјадници Црногорци рекоа „не“ за измените на законот за слобода на вероисповед што ги предложи новата влада

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот