Косовската војска во прва мировна мисија надвор од земјата

Безбедносните сили на Косово (ФСК) денеска одржаа свеченост по повод заминувањето на нивниот контингент во првата мировна мисија во странство, конкретно во Кувајт, каде што ќе служат покрај националната гарда на американската сојузна држава Ајова, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи им се заблагодари на Соединетите Американски Држави затоа што го овозможија ова високо достигнување на косовската војска и го оцени денешниот ден како историски за земјата.

Османи порача дека „Косово ја извојува слободата и го изгради мирот заедно со меѓународните пријатели”.

– Овој контингент е мал по бројност но голем по значењето и пораката што ја пренесува. Овие момчиња ја испишуваат новата историја на Косово. Како политичари понекогаш можеме и да не се согласуваме меѓу себе и да се расправаме остро. Тоа е дел од нашата демократија, но кога се во прашање нашите девојки и момчиња во униформи, кога е во прашање нашата војска, како политичари и граѓани ние сме сите обединети. Ние сите се гордееме со вас, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот