Косово одбива да го испорача Африм Исмаиловиќ

Основниот суд во Приштина го одби барањето на Министерството за правда на Република Северна Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ осуден во случајот „Монструм“.

Скопскиот Кривичен суд на 23 февруари оваа година го осуди Алил Демир на доживотен затвор, како и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, обвинети за петкратното убиство на Смилковското езеро на 12 април. Останатите двајца обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени од судот на 15 и 9 години затвор. Во меѓувреме, Сами Лута беше ослободен од обвинение во отсуство на докази.

Официјално Скопје бара од Приштина екстрадиција на Африм Исмаиловиќ за издржување на доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот