Кошмарен одмор на Верати на Ибица, крадци му собрале речиси 3 милиони евра

Марко Верати/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерот на ПСЖ и член на италијанската репрезентација, Марко Верати, кој летува на Ибица во куќата на поранешниот бразилски напаѓач Роналдо, во понеделникот е ограбен, а вкупната вредност на штетата се проценува на околу три милиони евра.

Крадците однеле „значителна сума на накит и пари“, изјавија денеска за АФП извори блиски фудбалерот, без да дадат повеќе детали, а шпанската полиција веднаш отвори истрага.

Според локалниот весник „Диарио де Ибица“, крадците од вилата во која одморал Верати однеле пари и скапоцен накин во вредност на речиси 3 милиони евра, наведувајќи дека фудбалерот и луѓето кои го придружувале не биле во куќата во моментот на кражбата.

Овој нов грабеж на фудбалери се случи само неколку дена откако во Валенсија беше ограбен напаѓачот на Лајпциг, Дани Олмо. Шпанскиот репрезентативец бил ограбен на улица во Валенсија од две лица кои му го украле часовникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот