Кошаркарскиот Куп отсега ќе се вика „КУП Благоја Георгиевски – Буштур“

Управниот Одбор при Кошаркарската федерација на Македонија, на седницата која ја одржа минатата недела во просториите на хотелот „Елса“ во Скопје одлучи да го преименува Куп натпреварувањето во „КУП Благоја Георгиевски – Гуштур“.

„Куп натпреварите кои се одржуваат секоја година и се дел од календарот на федерацијата, да се именува како “КУП Благоја Георгиевски – Буштур“ во чест на нашата легенда, кој прерано нè напушти, а притоа остави големо спортско наследство на сите понатамошни генерации„, стои во соопштението на КФСМ.
УО одбор исто така одлучи целиот добиен износ од продажба на влезните билети од натпреварот Македонија – Естонија кој се одигра на 20.02.2020 година, во А1 Арената „Борис Трајковски“ да се донира во добротворни цели. Средствата ќе се распределат согласно со поединечни потреби-барања, односно со посебна одлука на генералниот секретар на КФСМ, а по утврдување на основ за реализација на донациите од страна на федерацијата.

Завршната сметка на КФСМ за 2019 година, e усвоена едногласно и без забелешки од страна на членовите на Управниот Одбор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот