Кошаркарот на Мемфис Џа Морант доби суспензија од 25 натпревари

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

НБА ја објави казната за Џа Моранткомесарот на лигата Адам Силвер истакна дека кошаркарот на Мемфис ќе ги пропушти првите 25 натпревари од сезоната 2023/24.

Морант имаше тежок финиш минатата сезона во која прво беше суспендиран од Гризлис, а потоа и од лигата поради мавтање со пиштол во ноќните клубови, што го сними на видео.

Се шпекулираше дека 23-годишниот Морант би можел да ја пропушти целата наредна сезона, но НБА не се одлучи за таков потег.

Кошарката во овој момент треба да му биде на последното место – рече Силвер.

И новинарот Адријан Војнаровски изјави дека Морант мора да исполни одредени услови за да се врати во кошарката, но се наведува за што се работи.

Морант инаку беше вториот пик на драфтот во 2019 година.

ВИДЕО | Скандал: НБА ѕвездата Џа Морант во ноќен клуб се појави со пиштол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот