Кошаркарките на Чикаго скај се нови ВНБА шампионки
Кошаркарите за Чикаго скај за прв пат во клупската историја ја освоија титулата во најсилната женска кошаркарска лига, ВНБА.
Препорачано
Чикаго во големото финале славеше над Феникс меркјури со 3:1 во победи, а последниот триумф кој на кошаркарките им ја донесе титулата беше остварен со 80:74. За МВП на финалната серија беше прогласена Кали Купер.
Претходно, Чикаго само еднаш играше во големото ВНБА титулата и тоа во 2014 година кога загуби токму од Феникс со чисти 3:0.
ENJOY THIS MOMENT ?@chicagosky are given the 2021 Championship TROPHY ?#WNBAFinals presented by @YouTubeTV pic.twitter.com/FmN9EgxZV2
— WNBA (@WNBA) October 17, 2021
На патот до шампионската титула, Чикаго во плеј-офот беше поуспешен од Далас со 81:64, Минесота со 89:76, Конектикет со 3:1 во победи како и Феникс со идентични 3:1 во победи.
Во последниот четврти натпревар од големото финале, најефикасна беше Ели Квигли со 26 поени додека Кендис Паркер имаше дабл-дабл од 16 поени и 13 скокови.
Во редовите на Феникс, Бритни Грајнер постигна 28 поени, а Дајана Тораси и Скајлар Дигинс-Смит дадоа по 16 поени.


