Кошаркарките на Бадел 1862 го вратија шампионскиот пехар во своите витрини

КК Бадел 1862 /фото: КФСМ

По двегодишна пауза, кошаркарките на Бадел 1862 го вратија шампионскиот трофеј во своите клупски витрини откако во финалето со 3:1 во победи ог совладаа Баскет Кам.

Избраничките на Перо Стамески, предводени од извонредната репрезентативка Александра Стојановска, го запишаа третиот триумф во финалната серија над шампионот од ланската сезона, Баскет Кам 2011 овој пат со 71:77.

Претходно, Баделки славеа со 73:56 и со 68:69 додека во првата меч од финалето триумфираа кошаркарките од Баскет Кам со 74:73.

Александра Стојановска се закити и со признанието најкорисен играч. На последниот натпревар Стојановска постигна 27 поени и имаше шест асистенции. Седум поени помалку постигна Матхеу, а двоцифрен број на поени даде и Нена Трајчевска (12).

Во редовите на Баскет Кам 2011 најдобри беа Алексиќ со 25 поени, и Пуљизовиќ со 18 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот