Кошаркарите претквалификациите ги стартуваат против Данска, а ги затвораат со Норвешка

Фото: КФСМ

Македонската машка сениорска репрезентација својот нов, европски пат, учеството во вториот круг од претквалификациите за место на Евробаскетот 2025 година ќе го почне на 25. август.

И тоа на гостински терен, против селекцијата на Данска, а августовскиот ФИБА „прозорец“ ќе го затвориме со дуелот против селекцијата на Словачка, на домашен терен, кој е предвиден да се игра на 28. август.

Во групата „Д“ од евро-претквалификациите ќе се игра и во два термини во ноември. Во тој „прозорец“. на 10.ноември, ја пречекуваме репрезентацијата на Норвешка, а три дена подоцна, на 13. ноември, ни следува уште еден меч на домашен терен – против Данска.

Во февруари, 2023 година двапати ќе гостуваме. Прво на 23. февруари, кај Словачка, а оваа фаза од квалификациите ќе ја затвориме на гостински терен, на 26. февруари, против Норвешка.

Само првопласираната селекција од групата обезбедува пласман во главните квалификации а Европското првенство во 2025 година.

Распоред на натпревари
1. коло (25. август 2022)
Данска – МАКЕДОНИЈА
Словачка – Норвешка

2. коло (28. август 2022)
МАКЕДОНИЈА – Словачка
Норвешка – Данска

3. коло (10. ноември 2022)
МАКЕДОНИЈА – Норвешка
Словачка – Данска

4. коло (13. ноември 2022)
МАКЕДОНИЈА – Данска
Норвешка – Словачка

5. коло (23. февруари 2023)
Словачка – МАКЕДОНИЈА
Данска – Норвешка

6. коло (26. февруари 2023)
Норвешка – МАКЕДОНИЈА
Данска – Словачка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот