Марјан Илиевски/КФМ

Кошаркарите останаа без селектор, Илиевски поднесе оставка

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација на седницата одржана на 20 јануари 2026 година донесе неколку важни одлуки поврзани со иднината на сениорската и репрезентативната кошарка.

Едногласно беше прифатена оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, која тој ја поднесе непосредно пред почетокот на седницата. Иако ваквиот потег дојде како изненадување за членовите на Управниот одбор, од Федерацијата наведоа дека целосно ја почитуваат неговата лична и професионална одлука.

Воедно, од КФМ упатија јавна благодарност до Илиевски за неговиот ангажман, професионалниот однос и придонесот што го даде во периодот додека ја извршуваше селекторската функција, посакувајќи му многу успех во понатамошната кариера.

По оваа точка, Управниот одбор донесе и една од најважните одлуки во поново време, со која се најавува нов, појасен и постратешки пристап во функционирањето на репрезентативната кошарка. Легендата на македонската кошарка, Владо Илиевски, едногласно беше именуван за координатор на сите национални репрезентативни селекции. Со ова назначување, Федерацијата има за цел да воспостави подобра организација, континуитет и јасна визија во развојот на сите репрезентативни категории.

На седницата беа донесени и уште неколку одлуки кои може да ги прочитате – ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот