Кошаркарите на ТФТ Скопје поразени од Јахорина во АБА 2 лигата
Денеска кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје загуби на гостински терен од тимот на Јахорина од Босна и Херцеговина во рамките од АБА 2 лигата со 92:84.
Препорачано
Јахорина го диктираше ритамот на играта од почетокот на натпреварот, Босанците ја добија првата четвртина со 21:18.
ТФТ беше во егал до почетокот на втората четвртина, со тројктаа на Ташовски, го израмни резултатот, 21:21, но потоа сè отиде во корист на Јахорина, чија предност само растеше.
Домаќините доминираа во вторите 10 минути (32:17) и отидоа на одмор со максимални „+18“ коша разлика, 53:35.
ТФТ имаше подобро издание во третата четвртина, пред сè Ентони Говенс, кој постигна четири тројки, и заедно со Виндел Гордон и Дејвис Џуниор, беше движечката сила зад враќањето на гостите во натпреварот. Во последните минути од натпреварот, Ташковски и Сомервил беа прецизни четири пати од линијата за слободни фрлања и ТФТ Скопје дојде на само „минус седум“ пред почетокот на последната четвртина (76:69).
Бранислав Вујадиновиќ со поени и Марко Ковачевиќ со тројка ја отворија втората четвртина со 5:0, а по уште еден брз промашен шут на ТФТ за три поени, и по направен фаул за слободни фрлања, Боро Смилкоски веднаш повика тајм аут.
Тоа не даде резултат, Јахорина го зголеми на „+15“ и потоа го задржа сигурното водство, до самиот крај. ТФТ Скопје потоа се врати на едноцифрена негатива, имаше напад за „минус пет“, но тројката на Ташковски не влезе во кошот, и тоа беше крајот на надежите на гостите дека можат да постигнат нешто повеќе на овој натпревар освен почесен пораз.
За македонскиот претставник Гордон Виндел запиша 15 поени и пет скока, следен од Ташовски со 13 поени и пет скока. На спротивната страна Ј. Гутаљ забележа 16 поени и 10 скока, додека М. Гутаљ застана на 12 поени.
На табелата моментно ТФТ Скопје е на шестото место со 13 бодови, колку и Јахорина на седмата позиција. И двете екипи сега го чекаат конечниот исход и се дознае кои осум екипи ќе играат во плејофот.


