Кошарка во Токио: Европските шампионки останаа без медал, Французинките и се реваншираа на Србија
Женската кошаркарска репрезентација на Франција го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио откако во „малото финале“ ја совлада Србија со 91:76 (19:23,24:17,24:16,24:20).
Препорачано
Французинките со оваа победа и се реваншираа на Србија за поразот во финалето на Европското првенство од пред два месеци.
Првото полувреме помина во израмнета игра, Сандрин Груда кај Франција брзо дојде до двоцифрен број на поени, додека кај Србија најдобра беше Ивон Андерсон која не дозволи на одмор европскиот шампион да има поголема негатива од три поени (43:40).
Во третата четвртина, Французинките го направија клучниот момент кој им ја донесе победата, со прецизни удари од дистанца дојдоа до предност од дури 19 поени (78:59). Европските шампионки се обидоа да се вратат во игра, направија серија од 12:0 но немаа сила за целосен пресврт и на крајот бронзениот медал го освои Франција.
Габи Вилијамс со 17 поени, Ендем Мијем со 16 и Сандрин Груда со 14 поени беа најдобри кај Франција, додека во редовите на Србија се истакнаа Ивон Андерсон со 24 поени и Јелена Брукс со 14 поени.


