Кошарка во Токио: Европскиот шампион Србија во трилер завршница подобра од Канада

EPA-EFE/Kai Forsterling
Женската кошаркарска репрезентација на Србија со победа го започна настапот на олимискиот турнир во Токио. Европските шампионки во неизвесен натпревар ја совладаа Канада со 72:68.

Србија беше подобар тим во првото полувреме, благодарение на одличните Соња Васиќ и Тина Крајишник во финишот од втората четвртина избраничките на селекторката Маљковиќ дојдоа до двоцифрена предност 38:28.
По ова следеше пад во играта кој резултираше го голем број загубени топки, а Канаѓанките го искористија за да направат серија од 10:0 и да ја вратат неизвесноста на натпреварот.

Третата четвртина помина во израмнета игра на двете репрезентации, неизвесноста беше присутна и во финишот на натпреварот кога Канаѓанките со тројка намалија на 67:63 на две минути до крајот. Крајишник погоди едно слободно фрлање за плус пет, но на спротивната страна погоди тројка Нира Филдс за минхус два (68:66). Србија возврати преку Јелена Брукс која ги постигна последните четири поени за конечен триумф од 72:68.
Соња Васиќ со 16 поени беше најпрецизна кај Србија, додека во редовите на Канада се истакна Филдс исто така со 16 поени.

Тесна победа оствари и вториот фаворит во групата А, Шпанија која со 73:69 ја совлада Јужна Кореја. Асту Ндур блескаше за Шпанија со 28 постигнати поени и 10 скокови, додека Лаура Гил имаше 16 поени и 14 скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот