Корупциска афера го тресе здравството: заменик-министерот Муса снимен како прима мито

Фото: Принтскрин/in7.tv

Истражувачката емисија „Фикс фаре“ од Албанија вчера објави снимки на кои може да се забележи заменик министерот за здравство, Асим Муса, како прима мито.

На објавениот видео-запис можен да се забележи како новинарот, кој во улога на пациент се состанува со Муса, за да договорат операција.

Според снимката на in7.tv, по состанокот на новинарот-пациент со лекарот во Институтот за нефрологија во Струга го одредуваат денот на операцијата, а потоа Муса прифаќа аванс од 50 евра за зафатот кој треба да го изврши.

https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=2455700754485555

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот