Коронавирусот пустоши во Бугарија, минатата недела најлоша досега

Бугарија ковид/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Минатата недела Бугарија забележа најголем број случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, соопштија денеска официјални лица. 

Од 18 до 24 октомври, бројот на нови пациенти се зголеми за дури 50 проценти во споредба со претходната недела, односно евидентирани се 24.454 нови случаи, што е највисоко досега, пишува БГНЕС.  

Претходниот рекорд беше забележан на крајот на март, кога беа регистрирани 25.290 случаи.  

Исто така, имаше зголемување на смртните случаи, дури за 30,14 проценти, но ова не е најлошата недела во однос на смртните случаи – најлошата беше од 30 ноември до 6 декември минатата година, кога 980 луѓе починаа како резултат на вирусот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот