Коронавирусот ги менува традиционалните и верските обичаи ширум светот

Фото: EPA/KHALED ELFIQI

Миењето на раце и дезинфекција се најважните насоки на сите здравствени власти во светот во обидот за сузбивање на епидемијата на коронавирусот. Заразата сега започна да ги менува традиционалните обичаи, и традиционалните и верските, за што сведочат и насоките од православните, католичките и муслиманските заедници, пишува „Хина“.

Светската здравствена организација (СЗО) го стави редовното миење на раце и дезинфекција во средина на сите уаптства за заштита на граѓаните од ширењето на болеста, а таквите упатства ги даваат и властите на многуте држави погодени од заразата.

Ширењето на болеста привремено ги брише традиционалните обичаи, па така министерот за здравство Алаин Берсет во неделата ги советуваше своите сограѓани Швајцарци да се откажат од секојдневното бакнување во образ, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Како и во соседна Франција, во Швајцарија е раширен обичајот при секојдневното поздравување луѓето да се бакнуваат во образ, со малата разлика во тоа што во Швајцарија бакнежот е асиметричен и се „даваат“ вкупно три бакнежи, додека во Франција два.

Францускиот министер за здравство Оливие Веран уште во петокот ги советуваше своите граѓани да избегнуваат ракување, но не рече ништо за бакнувањето.

Швајцарија веќе воведе забрана за настани кои би можеле да привлечат повеќе од 1000 луѓе или повеќе се до 15 март, а Франција на крајот на минатата недела забрани собири во затворени простори кои би можеле да привлечат 5000 луѓе.

Верски заедници

Во Франција бискупиите преземаа мерки против ширењето на коронавирусот. Свештениците во Париз, Рен, Лил, Лион или Марсеј добија специјални совети и ограничувања за моментот на причестување.

Советувано им е и да ги испразнат садовите со светена вода, за преку истата да не се прошири заразата.

Во другите насоки стои дека верниците на мисите не треба да се ракуваат кога свештеникот ќе ги повика.

Во Франција мерки против ширење за коронавирусот преземаа и џамиите, пренесува „АФП“.

„Избегнување ракување“ е едно од повеќето насоки за муслиманските верници во оваа земја.

Православната црква на Романија им дозволи на верниците кои стравуваат од коронавирусот да не ги бакнуваат иконите, и ги повика да се служат со лажичка за еднократна употреба за света причест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот