Корона „влезе“ и во најголемата фабрика за преработка на месо во САД

Компанијата предупредува на можен недостаток на свински преработки на пазарот.

Компанијата Смитфилд Фудс, водечки светски преработувач на свинско месо, соопшти дека ќе ја затвори фабриката во САД на неопределено време поради неконтролирано ширење на корона вирусот меѓу вработените.

Во соопштението на компанијата се предупредува на можен недостаток на свински преработки бидејќи залихите се при крај, како и поради прекинот со работење во кланиците кој го поремети синџирот на снабдување со храна, намалена достапност до месо во продавниците.

Според извештајот на „Ројтерс“ Смитфилд ја продолжи забраната за работа и во погонот во Сијукс Фолс, во Јужна Дакота, откако првично соопшти дека тоа го прави поради дезинфекција на просторот.

Тоа е еден од најголемите погони за преработки од свинско месо во САД, кој учествува со 4 до 5 отсто во вкупното американско производство на свинско месо, се вели во соопштението на компанијата.

Гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, во саботата изјави дека 238 вработени во Смитфилд се заразени со корона вирус, што претставува 55 отсто од вкупниот број на заразени лица во оваа држава.

Таа и градоначалничката на Сјукс Фолс, и препорачаа на компанијата да ги затвори своите капацитети на најмалку две недели во кои вработени се над 3.700 работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот