Корисни трикови за сите домаќинки: Како да го отстраните печатот од јајцата или да ја отстраните бојата од прстите

велигденски јајца
Велигденски јајца / Фото: Pexels

Фарбањето јајца за Велигден традиционално започнува утре, на Велики четврток и трае до Велика сабота.

Иако старата техника на фарбање со кромид е сè уште многу популарна, сè повеќе домаќинки сакаат прво да ја исчистат лушпата од јајцето, а потоа да ги обојат или со купени бои, или со лушпи од зеленчук или да ги украсат со техниката декупаж.

pexels

Отстранување на печатот на јајцата

Сите јајца купени од продавницата мора да имаат печат. За да го отстраните од лушпата, натопете памучна крпа во алкохолен оцет, а потоа нежно тријте го местото каде што се наоѓа печатот.

Белење на јајцата

Лушпата од домашните јајца има препознатлива жолтеникава боја, но може да се неутрализира и ако додадете две состојки во водата додека ги варите јајцата. На 1 литар вода, додадете 1 дл алкохолен оцет и 1 лажица сол.

pexels

Постапката е многу едноставна:

Јајцата ставете ги во садот во кој ќе ги варите, ставете го алкохолниот оцет и сол. Варете ги јајцата на силен оган додека не зоврие водата, а потоа намалете ја температурата. Кога ќе се сварат оставете ги да стојат во водата. Кога јајцата ќе се оладат, нежно протријте ги со влажна крпа.

pexels
Како да ја исчистете бојата од рацете

Кога ќе заврши процесот на фарбање јајца, многу домаќинки не знаат како да ги отстранат остатоците од бојата од прстите и дланките.

Постојат три испробани и тестирани техники кои даваат добри резултати:

Првиот начин е да ги миете рацете со алкохолен оцет. Натопете четка за заби во оцет, а потоа енергично истријте ги обоените места на вашите раце. Потоа измијте ги рацете со млака вода и сапун и задолжително ставете хидратантна крема.

pixabay

Подеднакво ефикасна техника е да ги триете рацете со лимон. Лимонската киселина е малку поблага од оцетот, па веројатно ќе треба да ги триете рацете подолго време, но затоа пак, воопшто нема да си ја оштетите кожата.

Третата опција е да ги намокрите рацете, да нанесете сода бикарбона врз нив и повторно енергично да триете додека не испаднат остатоците од бојата. Потоа измијте ги рацете и добро намачкајте ги со хидратантна крема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот