Кората не се пече, а вкусот не се заборава: Најкремастиот колач со праски кој ќе ве освежи и заслади

Фото: Профимедиа

Вкусен и сочен десерт набрзина, совршена мешавина од бисквити, шлаг и праски! Не се додава шеќер, нема брашно и јајца, кората не се пече… Идеален за лето!

Ако сакате шампита од праски, овој колач е баш по ваш вкус и веруваме дека ќе ви се допадне уште повеќе!

Станува збор за едноставен десерт којшто се прави брзо, а не е неопходно да вклучувате шпорет. Резултатот е мек, сласен и сладок колач на којшто ќе му се враќате секое лето.

Состојки:

– 150 грама мелени бисквити
– 200 грама бисквити
– 5 праски
– 300 грама шлаг
– 350 + 100 милилитри ладно млеко
– 200 милилитри слатка павлака
– 50 грама чоколадо по вкус

Подготовка:

Изматете го шлагот со млекото, па додадете ја киселата павлака и продолжете да матите. Изматениот шлаг поделете го на два еднакви дела, па во едниот додадете ги мелените бисквити и сè добро измешајте.

Потопете ги немелените бисквити и почнете да ги редите по плехот или на чинија. Потоа, тој ред бисквити намачкајте го со шлагот и мелените бисквити.

Потоа излупете ги, добро измијте ги и исечкајте ги на помали делови праските, па редете ги врз шлагот.

Во останатата половина од шлагот, додадете го остатокот од немелените бисквити, кои прво ќе ги искршите со раце. Чоколадото, најдобро бело, исечкајте го на парчиња, па него и искршените бисквити додадете ги во шлагот и сè добро измешајте. Оваа смеса ставете ја врз редот праски.

Ставете ја тортата во фрижидер да се стегне, идеално е преку ноќ.

Декорирајте со исечкани праски, рендано бело чоколадо, шлаг по вкус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот