Конте во Интер си донесе еден од омилените фудбалери

tviter

Виктор Мозес следните шест месеци ќе ги помине во Интер како позајмен фудбалер.

Искусниот 29-годишен играч минатата година исто така како позајмен играч ја помина во Фенербахче каде соиграч му беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а во Интер повторно ќе соработува со Антонио Конте.

Тие двајца заедно беа во Челси од 2016 до 2018 година, а во тоа време Мозес на големо изненадување на англиските медиуми, беше стандарден член на „сините“ и беше еден од омилените фудбалер на Конте.


Мозес може да игра на неколку позиции, а Конте планира да го користи на десната бековска позиција.

Претходно во Интер пристигна уште едно засилување од Англија, поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Ешли Јанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот