Конте со ултиматум до Интер, бара нови засилувања или си оди

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Тренерот на Интер, Антонио Конте по пауза од 11 години е на одличен пат да му ја донесе титулата во Серија А, а веќе се подготвува за следната сезона. Интер на осум кола до крајот на сезоната има дури 11 бодови предност пред Милан, и веќе може да се подготвува за прослава на титулата.
Конте веќе размислува за следната сезона во која сака да да ја нападне титулата и во Лигата на шампионите и поради тоа на управата ќе и достави список со засилувања кои ги сака во својот тим, а доколку не му ги исполнат желбите се заканува дека ќе си замине од клупата.

Тренерот на лето планира да се ослободи од постатите играчи како Коларов, Јанг, Видал, а ќе го продаде и Мартин Шкринијар кој треба да ја наполни касата.
Интересно е што следната сезона член на Интер ќе биде Кристијан Ериксен кој на почетокот беше во немилост кај тренерот, но со одличните игри во последниот период, го заслужи респектот кај тренерот.

Тренерот на Интер планира средниот ред да го засили со играчот на Удинезе, Родриго де Паул за кого отштетата изнесува 40 милиони евра. Директорот Бепе Марота се обидува да ја намали оваа сума така што во трансферот ќе вклучи некој од младите играчи како Агуме.
На листата на Конте се наоѓаат уште и Немања Миленковиќ, Мусо од Удинезе треба да биде новиот голман на Интер.
Освежување ќе има и во нападот бидејќи е потребна замена за Ромелу Лукаку и изборот падна на Моизе Кин кој сезонава игра за ПСЖ, но проблем може да претставува податокот дека Јувентус исто така е заинтересиран за младиот напаѓач.
Желбата на Конте е екипата да се засили на сите линии за да може да биде конкурентна во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот