Констракта се огласи по нападите: Земјата е рамна плоча, Тупак е жив

констракта
Ана Ѓуриќ Констракта / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Откако пред неколку дена Ана Ѓуриќ Констракта и РТС беа нападнати на социјалните мрежи дека за време на руската инвазија на Украина со некои детали покажуваат „симпатии“ кон Русија како обликот на масата на велигденската фотографија која „наликува“ на буквата „Z“, пејачката се огласи на својот инстаграм-профил.

ФОТО | Констракта мета на критики поради велигденската честитка: Избришете ја објавата!

Во неколку објави на инстаграм-стори, таа објавила дека „верува“ во некои познати теории на заговор.

„Денес сфатив, сепак е рамна“, напиша Констракта, се разбира, мислејќи на бизарната теорија дека планета е рамна плоча. На тоа додаде дека не само што земјата е рамна, туку и дека вселената е рамна, и дека Тупак Шакур, раперот убиен во 1996 година, сигурно е жив, што е уште една позната теорија на заговор.

Триаголници, пирамиди и илуминати

Дополнително, таа го искажа своето мислење за целата работа во друга објава, во која се прикажани две таканаречени „очи што гледаат сѐ“ во триаголник, односно пирамида. Симболот, меѓу другото, се поврзува и со илуминатите, додека варијантата во пирамидата, која го носи натписот „Novus ordo seclorum“ (Новиот поредок на вековите), е испечатена на задната страна на американскиот долар. Теоретичарите на заговор обично погрешно го поврзуваат ова со новиот светски поредок.

„Пронајдете ги триаголниците“, напиша пејачката во објавата, алудирајќи на фактот дека секој може да најде каков било симбол ако се потруди, вклучително и буквата „Z“ – симбол на руската окупација.

 

Инаку, „РТС“ негираше каква било поврзаност меѓу оригиналната велигденска честитка на Констракта и поддршката за руската армија во војната во Украина.

„Како што беше соопштено во вчерашното официјално соопштение, „РТС“ демантира каква било поврзаност помеѓу празничната фотографија на нашата претставничка и поддршка за руската армија во војната во Украина“, порачаа од „РТС“.

Повеќе написи на темата:

 

Песната на Констракта номинирана за најдобар текст на Евровизија

 

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

 

ВИДЕО | Името на Меган Маркл одекнува во српската песна за Евровизија: Констракта откри зошто ја спомнува војвотката

 

ФОТО | Констракта за „In corpore sano“: Стравот од старост е вовлечен насекаде!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот