Песната на Констракта номинирана за најдобар текст на Евровизија

Констракта/Принтскрин/Јутјуб
Констракта/Принтскрин/Јутјуб

Песната „In Corpore Sano“ е номинирана за најдобар текст на овогодинешниот избор за песна на Евровизија. Автор на текстот е самата Ана Ѓуриќ – Констракта, а покрај Србија, меѓу номинираните земји за песна со најдобар текст се и Австралија, Велика Британија, Италија, Украина и Швајцарија.

За добитникот на наградата заедно ќе одлучува жирито и публиката која може да гласа на порталот „eurostory.nl“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

На истоимениот портал, жирито истакна дека воведната реченица на „In corpore sano“ би можела да биде највпечатливата воведна реченица од сите евровизиски песни досега.

„По делот со хидратација и црни кругови под очите, има реплики на тема… слезина, дел од телото кој никогаш не бил спомнат во некоја песна во историјата на Евровизија. А остатокот од текстот е бизарен, но не и некохерентен. Стиховите всушност одат според аргументот за невозможните стандарди за убавина и здравствени барања поставени за јавните личности“, е коментарот за песната на Констракта.

Наградата за најдобар текст на песна на Еворвизија се доделува од 2016 година, а претходните години наградите ги освојуваа Украина во 2016 година, Франција во 2017 и 2018 година и Италија во 2019 и 2021 година.

 

Повеќе написи на темата:

 

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

 

ВИДЕО | Името на Меган Маркл одекнува во српската песна за Евровизија: Констракта откри зошто ја спомнува војвотката

 

ФОТО | Констракта за „In corpore sano“: Стравот од старост е вовлечен насекаде!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот