ВИДЕО | Името на Меган Маркл одекнува во српската песна за Евровизија: Констракта откри зошто ја спомнува војвотката

Фото: Принтскрин Јутјуб/Профимедиа

Откако пејачката Ана Ѓуриќ која настапува под името Констракта победи на српската „Песна за Евровизија 2022“, песната со која настапи стана вистински хит.

Многумина почнаа да ги анализираат зборовите на несекојдневната песна, а најголемо внимание привлече делот од текстот „Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл“. Од каде Меган Маркл во песната?

Текстот на песната е исто така тема за која многу се зборува овие денови. Имајќи предвид дека Констракта освои најголем број поени од стручното жири, но и најмногу гласови од публиката, многумина коментираат дека „Србија конечно се буди“, а на социјалните мрежи се поврзуваат дека ова може да биде добар знак пред изборите 3 април“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Konstrakta Djuric (@konstrakta)

Дека ништо не е случајно и дека зборовите во нејзината песна имаат силна порака, откри пејачката и во едно интервју:

– Одлучив да ја спомнам Меган Маркл во песната бидејќи весниците пишуваат дека има убава коса… Па, таа има поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има прекрасни капи, а Меган убава коса. И Меган беше прогонета, а ние ги поддржуваме прогонетите – објаснила Констракта, а пренесе „Курир“.

По професија архитектка и мајка на две деца, ќерката Лена и синот Никола, го „искористила“ името на познатата актерка и војвотка од Сасекс затоа што – сите велат дека има убава коса и ништо повеќе и покрај бројните шпекулации.

Стихови од песната „In Corpore Sano“ (Во здраво тело здрав дух)

„Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл?

Која е тајната?

Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл?

Која е тајната? (Која е тајната?)

Мислам дека

Во прашање е длабока хидратација

Велат да…“

Да потсетиме, Констракта беше членка на алтернативниот бенд „Земја Грува“ кој беше формиран во 2007 година, а како солист на „Беовизија 2022“ се натпреваруваше и нејзината колешка од бендот Зое Кида.

ВИДЕО | Србија ја избра Констракта за претставничка на Евровизија: Со миење раце на сцена, ја однесе победата

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот