ФОТО | Констракта мета на критики поради велигденската честитка: Избришете ја објавата!

констракта
Констракта / Фото: Принтскрин/Твитер

На официјалниот евровизиски твитер-профил на „РТС“ беа објавени неколку фотографии од Ана Ѓуриќ Констракта која оваа година ќе ја претставува Србија на „Евровизија“ во Торино, по повод Велигденските празници.

Но, празничната порака и оригиналната појава на пејачката паднаа во втор план поради политика, а многумина ги протолкуваа како провокација, пренесуваат српските медиуми.

Имено обајвата предизвика лавина коментари, а голем дел од корисниците на социјалните мрежи се „фатија“ за масичките на кои се поставени велигденските јајца.

Како што коментираат, мебелот личи на латинската буква „Z“, буква која е забранета во многу европски земји бидејќи истата е знак со кој се означени руските воени возила во Украина.

Многумина ова го сфатија како провокација, иако самата Констракта не се занимава со политика и засега не ја коментираше новонастанатата ситуација.

 

Повеќе написи на темата:

 

Песната на Констракта номинирана за најдобар текст на Евровизија

 

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

 

ВИДЕО | Името на Меган Маркл одекнува во српската песна за Евровизија: Констракта откри зошто ја спомнува војвотката

 

ФОТО | Констракта за „In corpore sano“: Стравот од старост е вовлечен насекаде!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот