Конституиран хрватскиот Парламент

Хрватскиот Парламент има 151 пратеник. Парламентарното мнозинство во новиот, десетти, состав од хрватската независност, го сочинуваат ХДЗ, малцински партии, Реформисти и ХНС.

Новиот состав на хрватскиот Парламент е конституиран денеска, а Гордан Јандроковиќ (ХДЗ) е реизбран за претседател.

Јандроковиќ доби голема поддршка од пратениците, од 144, колку што гласаа, само еден воздржан и ниту еден против. Новиот претседател се заблагодари за искажаната доверба.

Хрватскиот Парламент има 151 пратеник. Парламентарното мнозинство во новиот, десетти, состав од хрватската независност, го сочинуваат ХДЗ, малцински партии, Реформисти и ХНС.

Својата прва конститутивна седница Саборот ја одржа почитувајќи ги епидемиолошките мерки –  заштитни маски и неопходната физичка дистанца.

На седницата не присуствуваше шефот на државата Зоран Милановиќ, со образложение дека со донесување на Одлуката за свикување на првата седница на хрватскиот Парламент, ја исполнил својата улога предвидена со Уставот.

Се очекува до крајот на неделава, Парламентот да ја потврди и новата влада, која повторно ќе биде предводена од Андреј Пленковиќ. Наместо досегашните 20 ресори, сега ќе има 16 министерства. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот