Конкурс за избор на дизајни за кампањата за енергетска ефикасност на Град Скопје

Краен рок за поднесување на апликациите е 26ти август 2020 до 18 часот.

Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје објавува конкурс за дизајн на постер и беџ кои ќе ги користи Градот Скопје во промотивната кампања за енергетска ефикасност насловена „Промената започнува со тебе”.

Краен рок за поднесување на апликациите е 26ти август 2020 до 18 часот преку пополнување на оваа форма: https://bit.ly/3ft8REY и ќе може да учествуваат сите заинтересирани без разлика на возраст, професија и занимање.

Целта, информираат од Скопје Лаб, е преку овој конкурс да се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на оригинални дизајни кои поттикнуваат акција за позитивни промени во областа на енергетската ефикасност.

Најкретивните дизајни ќе бидат наградени со: за изработување на беџ – 1-ва награда – 80 USD, беџ – 2-ра награда – 50 USD, на постер – 1-ва награда – 140 USD и на постер – 2-ра награда – 120 USD.

Резултатите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница и на профилите на социјалните мрежи на Град Скопје и Скопје Лаб. Од наградените и пристигнатите трудови ќе се организира онлајн изложба за презентација пред пошироката јавност.

Заинтересираните повеќе информации може да најдат на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот