Кон: Датумот за почеток на масовните собири, прослави и фестивали -21 јуни, е условен, не е фиксен

Предраг Кон / Фото: Принтскрин / Јутјуб / Happy TV

Кон за весникот „Данас” изјави дека овој датум е „наметнат од ивент индустријата” и може да се помести во зависност од епидемиолошките услови.

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека 21 јуни, денот по кој треба да се дозволат поголемите собири на фестивали и прослави во Србија не е фиксен, јави дописникот на МИА од Белград.

Кон за весникот „Данас” изјави дека овој датум е „наметнат од ивент индустријата” и може да се помести во зависност од епидемиолошките услови.

-Неопходно е 50 отсто од населението да ги прими и двете дози на вакцина и да поминат најмалку две недели по втората доза, кажа Кон, кој е член на Кризниот штаб за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Тој оцени дека Белград веројатно ќе ја постигне таа цел до 21 јуни, додека „не може да тврди” за другите делови на Србија, и сегашната епидемиолошка состојба ја оцени како солидна”.

-Исклучително е важна активноста на вирусот. Ако почне да расте, тој датум ќе мора да се помести, кажа Кон.

Според податоцитете презентирани од заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, 47,2 проценти од полнолетните граѓани во Белград ја примиле првата доза, а ревакцинирани се 38,2 отсто.

На ниво на цела Србија, покриеноста со вакцинација е помала – до саботата минатата недела, 2,26 милиони луѓе ја примиле првата доза, а 1,73 милиони лица ги примиле двете дози.

Кон кажа дека сите сакаат да одат на прослави на матура, слави, свадби, полнолетства и затоа е важно што повеќе луѓе да вакцинираат.

-Нема да има проблем да се одржат матурате ако се соберат само оние кои се заштитени со вакцината или ја прележале оваа болест, но исто така и ако се тестирале за ковид пред прославата и доаѓаат со сертификат. Тогаш условите за собирање се безбедни Експериментите во светот со организација на концерти не служат за ништо друго освен да го потврдат тоа за што зборувам, кажа Кон.

Во Белград утринава пристигнаа 440.000 дози на кинеската вакцина „Синофарм” против коронавирус, од кои 200.000 вакцини се донација од кинеската армија.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, кој ги прими вакцините ги повика граѓаните да го искористат тоа што има доволно и повеќе видови на вакцини и да се вакцинираат, потенцирајќи дека тоа е единствениот начин да се вратат во нормален живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот