Комуникацијата со Кремљ е во интерес на Белата куќа, вели Саливан

Џејк Саливан/ Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан потврд и дека каналите за комуникација меѓу Вашингтон и Москва се отворени и покрај војната во Украина.

За време на своето обраќање во Њујорк, Саливан рече дека е во интерес на САД да одржуваат контакт со Кремљ, истакнувајќи дека американските власти „се свесни со кого имаат работа”, пренесува Би-Би-Си.

Неговата изјава уследи по написот на Волстрит џурнал во кој се вели дека Саливан разговарал со руски официјални претставници за да ги намали ризиците војната во Украина да ескалира во нуклеарен конфликт. Се наведува дека Саливан бил во контакт со советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков и секретарот на рускиот совет за безбедност Николај Патрушев, но дека темата на разговорот не биле начините за ставање крај на украинскиот конфликт.

Белата куќа не соопшти јавно за некакви разговори меѓу Саливан и висок руски функционер од март, кога американскиот советник за национална безбедност разговараше со Патрушев.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, одби да го потврди написот на Волстрит џурнал и рече дека „луѓето изнесуваат многу тврдења”, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков не сакаше да ги коментира наводите на весникот дека Вашингтон водел доверливи разговори со највисоките руски претставници.

– Немаме што да кажеме за тие наводи. Повторувам уште еднаш дека има некои вистинити извештаи, но главно се е чиста шпекулација, рече Песков на прес-конференцијата и ги советуваше новинарите да се обратат во Белата куќа или во Волстрит џурнал за коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот