Комплетирана програмата за музичкиот дел на „Каменичко Културно Лето 2019″

Десетина дена пред одржување на манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2019″, еден од најмасовните музички настани кој по 11-пат ќе се одржи во Македонска Каменица, познати се сите изведувачи кои ќе настапат на градскиот плоштад. Како што информираат од Општината, покрај македонските Анета и група Молика, 2 Бона и локалниот бенд Риплеј, потврдени се и настапите на српската музичка ѕвезди Наташа Беквалац.
-Главното случување е на 28 август кога пред присутните ќе настапат група Галија и Тропико бенд. За време на „Каменичко Културно Лето” се очекува дека повеќе од 20 илјади посетители ќе дојдат во Македонска Каменица и ќе имаат можност да уживаат во бесплатните концерти на популарните изведувачи, информираат од Општината.
Манифестацијата, како што додаваат, се одржува на крајот на летото од причина што на 28 август се прославува и Денот на општина Македонска Каменица и Ден на рударите.
Манифестацијата е финансирана од Општина Македонска Каменица и Рудник Саса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот