Компаниите се повеќе инвестираат во општествено одговорни практики

Македонските компании стануваат се повеќе општествено одговорни и вложуваат во програми што се во интерес на целокупната заедница. Годинава, 23 проценти од компаниите кои аплицирале за националната награда за општествена одговорност, се нови компании.

Министерството за економија кое веќе 12 година ги доделува овие награди, најавува дополнителни мерки од наредната година со цел да се поттикнат уште повеќе претпријатијата да инвестираат во општествената одговорност.

– Оваа година имаме 22 компании кои направиле вакви инвестиции и најважно од се е дека 23 отсто од тие компании, кои веќе направиле такви проекти, се нови компании кои претходно не инвестирале во општествена одговорност што уште еднаш покажува дека свеста во компаниите се подобрува. Како Министерство за економија, имајќи ги во предвид и мерките и новата стратегија што веќе ја усвоивме, ќе создаваме дополнителни мерки од наредната година се со цел да ги поттикнеме нашите претпријатија да инвестираат во делот на општествената одговорност, изјави Бектеши пред почетокот на денешното доделување на наградите.

Дел од компаниите добитници на годинашните награди се ЕВН Македонија, Пивара Скопје и Адора Инженеринг. ЕВН Македонија реализира три општествено одговорни проекти и тоа проект за поставување на полначи за електромобили, „ Гласни раце во ЕВН” со кој се подобруваат услугите за корисниците кои се со оштетен слух и проект за тренинг на вработените во компанијата кои се изложени на опасности. Пивара Скопје пак го спроведува проектот „Вештина за успех” наменет за младите луѓе кои се обучуваат со основните вештини да имаат свој бизнис, а „Адора Инженеринг” е компанија која годинава добива награда за инвестирањето во подобрување на акустиката меѓу два стана.

Годинава, за оваа награда беа пријавени вкупно 30 проекти од 22 македонски претпријатија. Националната награда за најдобри општествено одговорни практики се доделува 12-та година по ред со цел да се поттикне воведувањето и натамошното унапредување на општествената одговорност кај македонските претпријатијата и да се промовираат нивните позитивни практики на општествено одговорно делување. Наградата се доделува за реализирани проекти во периодот од 1 јуни 2018 година до 1 јуни годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот