Комората на извршители го ограничува времето за прием на странки

Оттаму, посочуваат дека  сите писма до канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ ќе треба да се доставуваат по поштенски пат.

Комората на извршители на Република Северна Македонија донесе превентивни мерки, согласно заклучоците на Владата за преземање на дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот (Ковид- 19).

– Набавка на средства за дезинфекција во секоја канцеларија и редовно вршење на дезинфекција на канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ, ограничување на времето за прием на странки во канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ и утврдување на еден ден во текот на неделата за прием на странки во посебна просторија во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ, како и задолжително носење на заштитни маски од страна на странки кои ќе пристапат во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ и објава на соопштение од секоја канцеларија на извршителот за редуцирање на деновите за прием на странки, се дел од превентивни мерки на Комората на извршители.

Оттаму, посочуваат дека  сите писма до канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ ќе треба да се доставуваат по поштенски пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот