Комеморација за Лаушевиќ: „Никој да не пуштил солза, Жарко ќе се налути, знаете каков е“

Жарко Лаушевиќ / Фото: Инстаграм/Киненова

Комемоерацијата по повод смртта на актерот Жарко Лаушевиќ, кој почина на 15 ноември, се одржа денеска во Југословенскиот драмски театар во Белград.

Колегите и пријатели Воја Брајовиќ и Ирфан Менсур се простија од Лаушевиќ со емотивни зборови, Шекспировиот сонет и стихови од Бранко Миљковиќ, а Менсур на присутните им порача: „Никој да не пушти солза, Жарко ќе се налути, знаете каков е“, пишува „Н1“.

Каков беше Жарко Лаушевиќ? За да го опише, Воја Брајовиќ ја раскажал приказната за балерината која добила аплаузи и пофалби од директорот на московскиот театар Бољшој, но и објаснување дека никогаш нема да биде примабалерина, бидејќи го нема тоа нешто поради што публиката станува од седиштата.

„Жарко Лаушевиќ го имаше тоа нешто. Кој може тоа да го опише со зборови? Затоа го бркаа, само да го допрат и да го видат. Заради таа античка трагедија, ние сега им зборуваме, наместо тој веќе со децении да не е тој кој оттука зрачи со својата дарба“, рекол Брајовиќ.

Тој го испратил Лаушевиќ со Шекспировиот сонет: „Но, твоето лето со твоите убавини нема да избледе, смртта нема да се фали со тебе под своите сенки, во вечноста ќе одиш со овие стихови, тие ќе живеат и тебе живот ќе ти дадат, додека траат човечкиот поглед и здивот“.

„Го нема него, го нема вашиот татко, вашиот пријател, нашиот колега, но останува нашата љубов, нашата почит, вашата љубов и нашиот восхит“, порачал Брајовиќ.

Актерот Ирфан Менсур, кој за „Н1“ изјавил дека Жарко Лаушевиќ му е како брат, на собраните на комеморацијата им порачал да не пуштат ниту една солза, додека и нему самиот гласот му треперел.

„Никој да не пушти солза! Анита, Бранка, деца, драги пријатели, Жарко ќе се налути, знаете каков е“, рекол Менсур.

Тој додал дека за Лаушевиќ, сите веќе рекле и напишале сè и дека не му преостанува ништо – освен сеќавања.

„Што ќе ми недостига мене? Ќе ми недостигаат нашите разговори додека тој беше во Њујорк. Ќе ми недостигаат текстовите што ми ги праќаше со сè уште недопишани белешки со прашањето: „што мислиш“. И јас некогаш мислев. Ќе ми недостигаат неговите препораки за тоа кои книги да ги читам и кои книги ми ги купил. Ќе ми недостига тоа што јас му го препорачав и книгите што му ги купував. Ќе ми недостига еден подарок што го добив од него, некои жолти чорапи. Ќе ми недостигаат нашите прошетки. Тој ја вклучува камерата на телефонот, па заедно шетаме во Њујорк. Па потоа утредента, јас ја вклучувам камерата, па го шетам низ Белград. А тој вели: „полека, малку да уживам“, се присетил Менсур.

„Драги мои, Жарко го нема. Јас не се согласувам со тоа, бидејќи не е фер“, се простил Менсур од колегата и пријател.

Почина Жарко Лаушевиќ, веста за смртта ја објави сопругата Анита

Почина Мето Јовановски, доајен на македонското глумиште

Најубавите цитати од Жарко Лаушевиќ: Не е ова лошо време, лоши сме ние

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот