Комедија во Романија: Трипати го повторуваа пеналот, сите утнаа! (ВИДЕО)

фото: твитер

Неверојатна сцена се случи на натпреварот од романското првенство помеѓу Петролул и Рапид од Букурешт.

Се играше 67 минута кога на Петролул му беше досуден пенал и тоа со предност играч повеќе поради црвениот картон на Лазар од средината на првото полувреме.

Шутираше Арнаути, неговиот удар го одбрани Попа, но предвреме ја напушти линијата што е против правилата. Доби жолт картон поради приговор, а изведувачот на вториот пенал беше Маринеску, повторно Попа излезе како победник, но повторно не беше „мирен“ на линијата.

Главниот судија повторно донесе одлука да се шутира пеналот, на што уште повеќе реагираше чуварот на мрежата и доби исклучување.

Беше заменет од Татару, Петролул и во третиот пенал имаше нов изведувач, Мезаколи кој шутираше над голот. На крајот конечниот резултат беше 0:0.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот