Командант на исламски џихад убиен во израелски напад на Појасот Газа

Израел бомбардирање во Газа/ Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Како што е наведено, Хусам Абу Харбид ги водел операциите на организацијата во северна Газа.

Висок командант на Исламски Џихад е убиен во денешниот израелски воздушен напад врз куќа во Бејт Лахија во северниот дел на Појасот Газа, јавија палестински медиуми, по што потврди и израелската армија.

Како што е наведено, Хусам Абу Харбид ги водел операциите на организацијата во северна Газа.

Исламски Џихад не ја потврди веднаш веста за неговата смрт.

Израелските медиуми јавуваат дека Абу Харбид бил на таа позиција од крајот на 2019 година, откако неговиот претходник Бахау Абу ал Ату исто така беше убиен од израелската армија.

Во меѓувреме, Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека бројот на убиени Палестинци во Газа се искачи на 198, од кои 58 се деца, а има околу 1.300 повредени.

Не е наведено колку членови на Хамас и други екстремистички организации биле убиени, коментираат израелските медиуми.

Израелската армија синоќа изврши тешки напади удари во Појасот Газа, кои, според жителите на таа енклава, се најсилни од почетокот на конфликтот, почнат пред една недела.

Во военото соопштение се наведува дека ноќеска биле гаѓани 35 цели во период од 20 минути, а 54 борбени авиони истрелале околу 110 прецизни проектили и уништиле 15 километри подземни тунели на Хамас, а погодени биле и куќи на девет команданти на Хамас.

Во военото соопштение исто така се вели дека командантот на Исламски Џихад, кој беше убиен денеска, 15 години ги предводел нападите врз израелски војници и цивили и дека тој исто така бил директно одговорен за истрелување на антитенковска ракета минатата недела и ранување на израелски цивил. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот