Трамп и колумбискиот претседател Густаво Петро/Фото: Mandel NGAN / AFP / Profimedia

Колумбискиот претседател одговори на заканите на Трамп: „Подготвен сум да се вооружам“

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека е подготвен да „се вооружи“ за да ја брани својата земја. Неговите коментари доаѓаат по заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани со можна воена акција против колумбиската влада, пренесуваат медиумите.

Трамп тврдел дека Петро бил вмешан во шверц на дрога во Соединетите Американски Држави.

„Американската доминација нема да биде доведена во прашање“, Трамп им се закани на уште пет земји

Во објава на социјалните мрежи, Петро нагласи дека нема директно да одговори на Трамп додека не биде сигурен дека неговите коментари се преведени точно. Тој негираше дека е „нелегитимен“ или дилер на дрога.

Притоа, Петро истакна дека се заколнал дека „нема повторно да допира“ оружје, но дека ќе се вооружи за својата татковина ако е потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот