Колку заработува Мараја Кери секоја година од божиќниот хит „All I Want for Christmas Is You“

Фото: Инстаграм/ mariahcarey

Ретко нешто повеќе ја означува сезоната на празници од празничниот хит на Мараја Кери „All I Want for Christmas Is You“. Песната стана синоним за божиќните и новогодишни празници и тешко е да се оди некаде во овој период од годината без да ја чуете во позадина.

„Билборд“ проценува дека пејачката минатата година заработила 1,86 милиони долари од песната, додека според студијата на „The Economist“ од 2016 година, Кери заработува во просек 2,5 милиони долари секоја година. Песната, објавена во 1994 година, би можела да надмине 100 милиони долари во вкупна заработка во 2023 година, според извештајот на „Асошиетед прес“.

Песната достигна една милијарда преслушувања на „Спотифај“ во декември 2021 година и беше број 1 на Хот 100 на „Билборд“ во последните четири години по ред. Кери со текот на годините заработи милиони долари благодарение на нејзината успешна музичка кариера и турнеи, а пејачката има проценета нето вредност од 350 милиони долари, според „Celebrity Net Worth“.

„All I Want for Christmas Is You“ постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го оној за најстримуваната песна на „Спотифај“ за 24 часа. За еден ден во декември 2018 година, беше стримувана повеќе од 10,8 милиони пати, а повторно го собори рекордот во 2022 година со 21,3 милиони стримови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот