Магнезиумот е една од оние хранливи материи што е од големо значење за одржување на здравјето и благосостојбата на човекот.
Всушност, магнезиумот е четврти најобилен минерал пронајден во човечкото тело, покажува студија објавена во списанието „Nutrients“. Тој игра важна улога во повеќе од 300 функции на телото, вклучувајќи движење на мускулите, регулација на крвниот притисок, регулација на инсулин, го чува здравјето на срцето и функцијата на нервниот систем.
Ниското ниво на магнезиум е вмешано во Алцхајмеровата болест, дијабетес тип 2, мигрена, кардиоваскуларни болести и многу повеќе.
Бидејќи телото не може да произведува магнезиум, мора да се внесе преку исхраната. На жените се препорачува од 320 до 360мг на ден, додека за мажи се препорачува 400 до 420мг магнезиум.
Храната богата со растителни влакна е исто така богата со магнезиум, велат од Националниот институт за здравство.

Почесто вклучувајте зелен листест зеленчук, мешунки, ореви и цели зрна во вашата исхрана за да ги зголемите нивоата на магнезиум. Една порција семки од тиква содржи 37% од дневната препорачана количина на магнезиум, а бадемите 19%.
Повеќето луѓе не внесуваат доволно магнезиум преку својата исхрана, па додатоците на магнезиум може да бидат добар избор. Многу додатоци обезбедуваат помеѓу 200-400мг на ден.
Побарајте додатоци со ознаки магнезиум цитрат, магнезиумлактат, магнезиум аспартат, магнезиум хлорид, магнезиум малат или магнезиум таурат бидејќи тие најдобро се апсорбираат во телото.

Недостатокот на магнезиум е честа појава кај луѓето кои консумираат поголеми количини на алкохол, како и кај постарите возрасни лица. Дополнително, секој со гастроинтестинално заболување како целијачна болест или оние со дијабетес тип 2 се изложени на поголем ризик од недостаток на овој минерал.
Како и со сѐ останато во животот, така и премногу магнезиум мое да доздаде несакани ефекти. Може да почувствувате гадење, грчеви во стомакот или дијареа.
Магнезиумот може да комуницира со одредени антибиотици и лекови, па затоа секогаш е најдобра опција да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт пред да почнете да зимате додатоци на магнезиум на дневна основа.