Истражување: Колкава е просечната големина на пенисот и зошто мажите се опседнати со тоа

Фото: Pexels/Deon Black

Големината на пенисот е тема која никогаш не излегува од мода. Човештвото, особено машката популација, не престанува да се опседнува со овие „неважни“ разговори и дилеми за тоа која е просечната големина на машкиот полов орган, пишува „Ифлсаенс“.

Но, за некои луѓе, тоа е повеќе од фасцинција. Тоа е проблем. Многу мажи во светот се плашат дека нивниот најинтимен дел не е доволно добар, или поконкретно кажано, не е доволно голем.

Прашањето останува проблем за многу мажи, не изненадува фактот дека за нив можеби тоа е најважното нешто во физичкиот изглед.

„Многу е вообичено за мажите да се загрижени за големината на нивниот пенис. Важно е да не се игнорира таа загриженост, бидејќи може да доведе до несигурност и анксиозност“, вели Кевин Вајли, специјалист за сексуално здравје и ерективна дисфункција , автор на студијата посветена на машкиот став за големината на половиот орган, објавена во 2008 година.

Фото: Pexels/Deon Black

Кога се вели дека ова е вообичаена загриженост кај мажите, се мисли на проблем кој е во топ 3 причини за загриженост кај мажите, во однос на нивното тело. Студијата открива дека двајца од тројца мажи, не се задоволни од големината на нивниот полов орган. Оваа појава на несигурност кај мажите е толку честа, што има и свој термин во стручната литература „синдром на мал пенис“ и воопшто не упатува на мажи со помали димензии, туку на мажи кои за себе мислат така.

Дел од причината за ова доаѓа од медиумската изложеност. Студија направена во 2019 година, укажува на тоа дека лесната пристапност на консументите до сексуални содржини, влијае негативно на некои од испитаниците. Тие стануваат несигурни во својот физички изглед, а го идеализираат она што им се нуди во порнографската индустрија. Ова е проблем кој се провлекува и кај женската популација, која сѐ повеќе ја губи самодовербата во себе, идеализирајќи ги жените кои медиумите ги наметнуваат како „совршени“.

Фото: Pexels/Deon Black

Сепак, целата вина не лежи во порнографските содржини кои се лесно достапни на консументите. Проблемот лежи и во сопствената перцепција на мажите, кои самите создаваат погрешна слика за себе.

Во студијата, биле испитувани две групи на мажи, едните кои биле сексуално искусни и другите без значително сексуално искуство. Одговорот на првата група испитаници бил дека должината на нивниот пенис е околу 17 см, додека, пак, кај вторите тоа биле само 14 см.

Ваквата различна перцепција од вистинските мерки, се должи на општата слика за физичкиот изглед на мажите. Тој маж што изгледа помажествено и е покрупен физички се верува дека има поголем пенис, следствено на тоа и неговата самодоверба е поголема.

Фото: Pexels/Dainis Graveris

Има околку 4 милијарди пениси на оваа планета, и не е лесно да се најде вистински индикатор според кој ќе се мери просечната големина на пенисот. За среќа, некој и тоа го направил. Една студија од 2014 година, направена со истражување на 15.000 мажи во светот, ги има резултатите:

Просечната големина на пенис во ерекција е 13,12 см.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот