Количината дожд која наврна во Загреб се случува еднаш во 100 години (ФОТО+ВИДЕО)

Директорката на Државниот хидрометеоролошки институт на Хрватска, Бранка Иванчан Пицек изјави дека 90 литри дожд на метар квадратен, што наврна во Загреб за 24 часа, е многу редок феномен што се случува еднаш во повеќе од 100 години.

– Таа количина што падна за 24 часа се интензивни врнежи чиј повратен период е повеќе од 100 години. Просечната количина на врнежи во областа Загреб е помала отколку што падна во овие 24 часа, некаде околу 83 литри. Тоа е многу ретка појава, рече таа при гостувањето на ХРТ, јавува новинската агенција Хина.

Невремето кое вчера го зафати Загреб и делови од Хрватска предизвика поплави и голема материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот