Колешка од пеколот – Слушнала дека ќе делат откази, па 9 месеци на својата колешка и ставала седативи во кафето

Фото: Pixabay

Жена од Италија е осудена на четири години затвор, бидејќи на својата колешка и ставала голема количина седативи во кафето, полни девет месеци со цел да се погрижи да нема повеќе конкуренција на работа.

Мариангела Черато (53) започнала да ја дрогира колешката во 2017 година кога слушнала дека во нивната компанија во Пијемонт ќе се делат откази. Черато тогаш си помислила да ја саботира колешката од работа која има ист опис на работни задачи како и таа со цел да нема никаква конкуренција.

Секое утро, кога таа одела по кафе за колегите, во капучиното на својата „конкуренција“ ставала безодиазепин во прав кој кај несреќната жена предизвикувал несвестици, главоболка, мачнина, омалаксаност, болки во мускулите…

– Секој пат откако ќе го испиела кафето, таа работела многу побавно, изјавил адвокатот на жртвата.

Жртвата забележала дека нешто не е во ред откако со автомобилот удрила во дрво и сфатила дека многу подобро се чувствува кога е на боледување. Кога докторите не можеле да пронајдат нити една медицинска причина за нејзината состојба, таа започнала да се сомнева дека нешто не е во ред со кафето кое го пие на работа, бидејќи симптомите не ги чувствувала кога била во својот дом.

Дополнително се посомневала, кога донела одлука да престане да пие кафе на работа, а Черато постојано ја убедувала и инсистирала таа да испие барем една шолјичка, и дека тоа не може да и штети.

Жртвата тогаш прифатила, но во шишенце земала половина од кафете и го однела на анализа, која покажала дека кафето содржи висока концентрација на бензодиазепини.

Тогаш за се ја известила полицијата, а полицијата поставила замка со која на дело ја фатила Черато како става дрога во кафето на својата колешка.

Таа на судењето негирала се за што се терети, а работодавецот на компанијата изјавил дека никогаш немал во план да отпушти некој од веќе вработените и дека всушност планот бил да се вработат дополнително нови лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот