Коларов им рече „да“ на финалистите од Лига Европа!?

фото: твитер

Италијанските медиуми тврдат дека Александар Коларов би можел наскоро да биде нов играч на Интер. Според новинарот Фабрицио Романо искусниот српски одбранбен играч ги договори личните услови со „неро-аѕурите“.

Разговорите се во тек да се комплетира договорот со Рома во наредните часови, а најавите се трансферот е многу блиску да биде реализиран.

Интер неодамна играше финале во Лига Европа кое го загуби од Севиља со резултат 3:2.

34-годишниот дефанзивец за римската „волчица“ одигра 100 натпревари и постигна 17 голови, претходно играше уште за Чукарички, ОФК Београд, Лацио и Манчестер сити.

Најмногу трофеи во кариерата имаше досега со „граѓаните“, по двапати освојувајќи ги Премиер лигата и ФА купот, а по еднаш Лига купот и ФА Комјунити шилд.

Од 2017 година со Рома нема титула, но затоа со градскиот ривал Лацио по еднаш ги освои Купот и Суперкупот на Италија во 2009 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот