Кокс и Анистон објавија заедничко видео, фановите воодушевени од деталот на нивните маички

Фото: Инстаграм

Џенифер Анистон и Кортни Кокс објавија кратко видео и ги воодушевија пријателите…

Тие две позираа во маички на кои пишува „Пријатели засекогаш“, што алудира на мегапопуларната серија „Пријатели“.

На маичките се испринтани и шест клучеви кои го означуваат крајот на серијата во кој сите шест пријатели – Рејчел, Моника, Рос, Џои, Фиби и Чендлер ги оставија своите клучеви од култниот стан откако Моника и Чендлер одлучија да се преселат во нов дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

„Ова е иконично“, „Преслатко“, „Леле, преслатки сте“, „И ние сакаме вакви маици“, „Ве сакаме“, се само некои од коментарите.

Видеото е прегледано повеќе од 21 милион пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот