Кокошков и официјално тренер на Фенербахче

Како што и се најавуваше, селекторот на српската репрезентација, Игор Кокошков денеска и официјално е промовиран како нов тренер на Фенербахче.

Покрај ангажманот во кошаркарската федерација на Србија, беше и помошен тренер во Сакраменто Кингс, така што сигурно ќе мора да ја напушти функцијата во САД.

Претходните денови во медиумите се најавуваше дека Кокошков за првпат после 20 години професионално ќе ги напушти САД, а сега тоа е и потврдено.

Како што објавуваат од турскиот клуб, новиот стратег потпиша договор на три години.

Досегашниот помошник на Лук Волтон во НБА екипата на Сакраменто Кингс, на клупата на Фенер го замени српскиот тренер Жељко Обрадовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот