Која е вистината? Мила и Ештон цел свет ги разведува, а тие планираат заеднички проекти

инстаграм

Светските медиуми веќе неколку години ги „разведуваат“, но никако да се докаже вистината. Двојката која е во брак од 2015 година има две деца и интересно заедничко минато, од појавувањето во серијата „Весели седумдесети“ кога Мила беше малолетна, до бракот на Ештон со Деми Мур.

Тие се повторно во центарот на вниманието. Овој пат светските медиуми наведуваат неколку причини за разводот на добро познатата актерска и брачна двојка Мила Кунис и Ештон Качер. Но, зошто тоа не може да се случи има многу посилни причини, меѓу кои и онаа дека тие двајца веќе работат на нови заеднички проекти.

инстаграм

Мила не носи бурма

Минатата година таа беше сликана без бурма на раката, а американски сајт еднаш објав и вест дека тоа е знак оти бракот е при крај. Како доказ беше наведено дека на Мила е традиционална и многу ѝ се важни такви работи, како носењето венчален прстен. Сепак не треба да се брза со заклучоци. Можеби едноставно заборавила дента да го стави прстенот. Секако еден таков детал не е доказ.

Го продаваат домот

инстаграм

Тие решија да ја продадат куќата во Лос Анџелес, Калифорнија, бидејќи не сакале да живеат во вилата. Но медиумите веднаш го пренесоа како доказ за развод во најава, дури и пресметаа дека во тој случај разводот би бил тежок 315 милиони долари. Но, контра-аргумент е дека тогаш двајцата се појавија во познато американско ток-шоу за да ги најават своите заеднички планови поврзани со производство на вино. Ако малку подобро се размисли, никој не започнува нов бизнис ако планира развод, нели?

Каранитнот им го уништува бракот

Фото: Профимедиа

Медиумите во октомври минатата година пишуваа дека Мила и Ештон се разведуваат бидејќи не можат да поднесат да живеат во карантин заедно, и дека нема да ја одбележат годишницата од бракот. А се спомуваше и минатото на Ештон, во не толку убаво светло. Ова исто така не беше никаков доказ, особено што тие двајца баш во тек на карантинот го почнаа бизнисот со вино.

Ештон е неверен?

Фото: Профимедиа

Тоа секој пат се спомнува бидејќи Ештон еднаш порано бил фатен како изневерува. Па така тоа веднаш значи дека ѝ бил неверен на поранешната сопруга Деми Мур со која беше во брак осум години и дека сега ѝ е неверен на Мила. Инцидентот од 2011 година Мила никогаш не го коментираше и сосема е можно неверството никогаш да не се случило.

Заклучокот е следен: Ештон Качер и Мила Кунис не се разведуваат. Имаат заеднички проекти, меѓу кои најновиот е снимање реклама за „Супер бол“ најголемиот и најзначаен спортски настан во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот