Која е познатата инфлуенсерка обвинета за ПОДВЕДУВАЊЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ на богати клиенти?

Лилиана дел Кармен Кампос Пуељо, една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм во Колумбија, обвинета е за водење и организирање малолетничка проституција. Осомничена е дека со години на богатите и влијателни клиенти им подведувала стотици малолетни девојки.

Заработува милиони продавајќи слики од сопствениот живот

48-годишната Пуељо е позната колумбиска инфлуенсерка која заработува милиони продавајќи слики од сопствениот живот на гламур и луксуз на социјалните мрежи. Во обвинението, меѓу другото, стои дека таквов живот им ветува на малолетничките од сиромашните делови на земјата и тоа преку договор за манекенство.

Таканаречената Мадам, уапсена е во 2018 година во полициската операција Виста во Картагена, градот за кој обвинителите тврдат дека е средиште на педофилскиот прстен.

Во рамки на акцијата полицијата го претресла летувалиштето во нејзина сопственост и таму затекнала 250 малолетници. Некои од нив пореметените „сопственици“ дури ги означиле со тетоважи.

Девојките на клиентите наводно им биле претставувани во каталози, а биле присилени да учествуваат во оргии на луксузните јахти и во хотелите.

 

Девојките за забава ги бирала лично, а на сите им обезбедила лажни пасоши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот